Фудбал

Лудо „Ел Класико“, Роналдо во сенка на Меси

24.03.2014 11:15

Роналдо и Меси, нормално беа под лупа. Меси со „хет-трик“ ја доби оваа битка во беспоштедната „лична војна“ која што ја водат двајцата најдобри фудбалери на денешницата...

Голови, резултатски пресврти, пенали, картони, судиски превиди...! Барселона со 4:3 го порази Реал Мадрид на „Сантјаго Бернабеу“.Веројатно ова беше досега најлудото „Ел Класико“! Ривалството без пандан во светскиот спорт, натпревар кој што се претвора во фудбалска војна, антагонизам со елементи на омраза... не изостана ниту во 168-то меѓусебно соочување во Мадрид. Ќе се памети со глемата тензија, со честите резултатски пресврти, со контраверзните судиски одлуки.Белата точка имаше голем удел во конечниот исход.Првиот досуден пенал беше подарок од судијата Маљенко за Реал Мадрид. Наредните два санкционирани на спротивната страна и донесоа победа на Барселона.
 
Клучниот момент веројатно беше исклучувањето на Серхио Рамос во 63-та минута. Кристијано Роналдо и Меси, нормално беа под лупа. Меси со „хет-трик“  ја доби оваа битка во беспоштедната „лична војна“ која што ја водат двајцата најдобри фудбалери на денешницата. Роналдо даде еден гол, а остана во сенка на Меси и со својот учинок во играта. Реал Мадрид го загуби дербито и  бодовниот капитал  во трката за титулата. Барселона сега заостанува само за еден бод зад Реал и Атлетико, водечкиот двоец од Мадрид.
 
Реал Мадрид-Барселона 3:4
 
0:1 Иниеста 7 мин.
1:1 Бензема  20 мин.
2:1 Бензема  23 мин.
2:2 Меси      42 мин.
3:2 Роналдо (п) 55 мин.
3:3 Меси (п) 65 мин.
3:4 Меси (п) 84 мин.