СЗО: Европа не е надвор од опасност
11.06.2021 11:26
Регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге, рече дека стариот континент во никој случај не е надвор од опасност од Ковид-19.

СЗО повикува на претпазливост кога станува збор за коронавирусот поради зголемените социјални собири, поголемата раздвиженост на населението, големите фестивали и спортски турнири што ќе се одржат во наредните денови и недели.
Регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге, рече дека стариот континент во никој случај не е надвор од опасност од Ковид-19.
Изјавата доаѓа и покрај извештаите дека бројката на новозаразени е во опаѓање, како и бројката на смртни случаи.
