Почнува Европското фудбалско првенство: Македонија е дебитант, но не и аутсајдер

11.06.2021 11:38

Македонската репрезентација дебитира на Европското првенство, но тоа не значи дека е и аутсајдер. Македонија првиот дуел од групната фаза го игра в недела со Австрија...

Со натпреварот Турција- Италија, вечер од 21 часот стартува Европското фудбалско првенство. Натпреварот ќе се игра на „Олимпико“ во Рим и е од 1. коло во А-групата во која се наоѓаат и селекциите на Швајцарија и на Велс.

На Европското првенство за прв пат ќе настапи и македонската фудбалска репрезентација. „Црвено-жолтите“ дебито на континенталните првенства ќе го имаат в недела од 18 часот против Австрија во Букурешт како дел од Ц-групата каде се сместени и репрезентациите на Холандија и на Украина.

Б-групата ја сочинуваат: Русија, Белгија, Данска и Финска. Учесници во Е-групата се: Чешка, Хрватска, Шкотска и Англија. Составот на Е-групата е: Шведска, Полска, Шпанија и Словачка. Најтешка, т.н. група на „смртта“ е Ф-групата: Германија, Франција, Португалија и Унгарија.

ЕУРО 2020 ќе се игра во 11 града: Рим, Букурешт, Баку, Копенхаген, Санкт Петербург, Лондон, Амстердам, Глазгов, Севилја, Будимпешта и Минхен.

Од 24 репрезентации, во следната фаза ќе се пласираат двете првопласирани од секоја од шесте групи, како и четири третопласирани кои ќе имаат најдобар биланс.

Европското првенство ќе трае до 11-ти јули.