МЗ: Во тек се двете трансплантации на бубрег од починат донор

11.06.2021 12:21

Двајца пациенти на возраст од 30 и 23 години кои подолго време се на дијализа ќе добијат бубрег од 44 годишната пациентка која вчера беше дијагностицирана со мозочна смрт- информираат од Министерството за здравство.

Во моментов на Клиниката за урологија во тек се двете трансплантации на бубрег од починат донор. Двајца пациенти на возраст од 30 и 23 години кои подолго време се на дијализа ќе добијат бубрег од 44 годишната пациентка која вчера беше дијагностицирана со мозочна смрт- информираат од Министерството за здравство.

Рано утрово заврши трансплантацијата на срце кај пациент кој подолго време боледува од срцева слабост. Пациентот е во стабилна состојба и закрепнува по операцијата.

Во исчекување сме на следната трансплантација на коски, по експлантацијата која во раните утрински часови ја заврши тимот за трансплантација од Клиниката за ортопедија- велат од ресорот здравство.

Трансплантацијата на органи е тимска работа и во неа учествуваат пореку десет клиники и околу стотина лекари, медицински сестри и болничари во координација со Министерството за здравство и Националниот координатор за трансплантација д-р Маја Мојсова Мијовска.

Во период од само 24 часа од поставување на дијагнозата за мозчна смрт сите овие тимови направија експлантација и трансплантација на повеќе органи и покажаа како беспрекорно функционира здравствениот ситем.

Најголема благодарност за семејството за 44 годишната жена која ноќва спаси најмалку три животи. Благодарност до нејзиниот сопруг, нејзините деца и најблисото семејство. Тие покажаа што значи хуманост во најтешки моменти- стои во соопштението од Министерството за здравство.

Во изминатата една година во земајва се направени пет трансплантации од починат донор и притоа се трансплантирани четири срца и 10 бубрази. Направена е и прва експлантација и трансплантација на коски и коскени ткива.