Одбележани 35 години од изучувањето на македонскиот јазик на Истанбулскиот универзитет

11.06.2021 12:45

35 години македонистика на Истанбулскиот универзитет и 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, обврска и натаму да се создаваат нови генерации проучувачи на македонскиот јазик и култура. Сепак, не треба да се занемаруваат културите и на другите народи …

Успеавме да го исполниме заветот од великанот Блаже Конески. Импозантната бројка од 35 години присуство на македонскиот јазик, литература и култура на еден од најстарите и најпрестижни универзитети во Турција-истанбулскиот, говори и за исклучителната билатерална соработка на образовно научно и културно поле меѓу двете земји. Отворањето на лекторат по македонски јазик е историски и логична последователност на нашата непобитна поврзаност и заемно почитување на двете култури.

Упатеноста и поврзаноста на културните кодови меѓу Македонија и Турција е непобитна, рече деканот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Јанкуловски. Мостот што нè поврзува долго време е нескршлив. По него да чекориме соочувајќи се со нови предизвици. Додаде дека тоа се огледува и во стиховите на основоположникот на македонската современа поезија Константин Миладинов чијшто живот заврши во Истанбул, исто како и на неговиот брат Димитрија.

Во првиот речник на македонскиот јазик во којшто Конески го оствари својот редакциски влог, има над 3.000 турцизми, присутни и во неговата поезија. Јубилејот е уште позначаен бидејќи се случува во годината кога се одбележуваат 100 години од раѓањето на македонскиот великан.

Александра Спировска