Политика
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со мирните протести и блокади
11.06.2021 12:48
Во главниот град се протестира пред Собранието, пред трговскиот центар „Мавровка“ и пред поранешната зграда на Нова Македонија.

Опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со мирните протести и блокадите на главните крстосници во Скопје и во уште девет градови низ државава.
Во главниот град се протестира пред Собранието, пред трговскиот центар „Мавровка“ и пред поранешната зграда на Нова Македонија.
Оттаму велат дека тие ќе траат сè додека двоецот Заев-Бучковски јавно не обелодени за што се преговара со Бугарија и дали се подготвува прифаќање на декларацијата, изгласана во бугарскиот парламент.
