Пресуда за тројца обвинети во случајот „Двојник“
11.06.2021 13:42
Фарук Буки доби три години затвор, а Весна Колевска и Бранислава Владичевска добија условни казни од по една година.

Во Кривичниот суд пресуда за случајот со фалсификуваните пасоши познат како „Двојник“.
Фарук Буки доби три години затвор, а Весна Колевска и Бранислава Владичевска добија условни казни од по една година.
Од обвинетите кои досега признаа вина, шест добија затворски казни од една година и седум месеци, до две години и седум месеци, додека едно лице доби условна казна.
