Крим: Во промет е руската рубља
24.03.2014 11:25
На Крим од денеска во употреба во платниот промет официјално влегува руската рубља, јави ИТАР-ТАСС. Некои институции во Симферопољ, пред се, хотели и ресторани, уште пред 24 март веќе почнаа да ја примаат рубљата како средство за плаќање.
Во продавниците на Крим почнаа да се појавуваат двојни цени, на кои вредноста е пресметана во рубљи и во гривни. Тоа засега главно се производите што имаат цени поголеми од 1.000 гривни.

Според Законот за присоединување на Крим кон Русија парична единица на територијата на оваа република и градот Севастопољ станува руската рубља. До 1 јануари 2016 година таму се дозволува користењето на националната парична единица на Украина - гривната. По овој датум рубљата ќе остане единствената законска валута на Полуостровот.