Матурантите го полагаат вториот екстерен испит, најголем дел одбрале англиски јазик
Учениците што завршија средно образование го полагаа вториот екстерен испит од државната матура. Математика и странски јазик избор за учениците од гимназиското и од стручното образование, додека за учениците во училиштата од уметностите, странски јазик во алтернација со филозофија и со естетика. Од Државниот испитен центар задоволни од досегашниот тек на државната матура...

По цела година учење од дома, средношколците се вратија во училиштата за да полагаат матура. Над 15.000 пријавени на испит по вториот екстерен предмет. Традиционално најголем е интересот за англискиот јазик, за математика се пријавиле околу 1.500 средношколци. Велат, оваа година била голем предизвик и за нив.
Со маски, средства за дезинфекција и тестовите на маса, навреме почна спроведувањето на државната матура. Од училиштата велат дека се организирале навреме и ги презеле сите неопходни мерки за заштита од коронавирусот. Една недела пред матурата професорите држеле дополнителни часови.
Резултатите од двата екстерни испита ќе бидат објавени на почетокот на јули. Матурантите кои се заразени со Ковид- 19 или се во изолација, ќе полагаат на на 25-ти и 28-ми јуни. Во целиот процес ангажирани се околу 300 набљудувачи и 2.000 наставници тестатори, кои предходно се вакцинирани.
Оние матуранти пак кои нема да ја положат матурата во јуни, ќе имаат втора шанса во августовската сесија.
Викторија Милевска
