Здравство

Филипче: Расте свеста за важноста за донирање органи

11.06.2021 14:38

На државната кардиохирургија, четврта по ред трансплатација на срце. Уште еден пациент доби нова шанса за живот. Тој е во стабилна состојба и закрепнува по операцијата. Двајца пациенти на возраст од 30 и 23 години кои подолго време се на дијализа, ќе добијат бубрег од 44-годишната пациентка, кај која беше дијагностицирана мозочна смрт...

Пациент со тешка кардиоваскуларна болест доби шанса за нов живот, во неговите гради почна да чука срцето на 44 годишната жена кај која вчера попладне била констатирана мозочна смрт. Оперираниот е во стабилна состојба и закрепнува.

И покрај загубата, семејството на починатата пациентка решило да ги подари органите. Пресадени се и бубрезите кај двајца пациенти на 23 и 30 годишна возраст, кои подолго време биле на дијализа. Тим од 100 лекари, медицински сестри и болничари преку ноќта работеле на трансплантацијата.

„Расте свеста за важноста за донирањето на органи. Секоја следна е полесна. Очигледно е дека и на членовите на семејството им е појасно што прават со тој чин на донирање органи, тогаш кога пациентита не можат да се спасат. Благодарение на овој последен акт на донирање, се заврши трансплантацијата на срце, пациентот е во одделот за интензивна нега, секако дека претстојат неколку дена кои се критични“, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Освен срцето и бубрезите, од починатиот донор ќе бидат пресадени и коскени ткива.

Во изминатава година во земјава се направени пет трансплантации од починат донор. Ова е четврта успешна на срце, а пресадени се и 10 бубрези. За прв пат е направена трансплантација на коски и коскени ткива.

 

 

Андријана Атанасовска