„Париз, те сакам“ во Чифте амам
24.03.2014 11:34
Почнувајќи од 2002 година, Министерството за култура на Република Македонија поддржа претставување на повеќе од 100 уметници, кои имаа можност да разменат искуства со уметници од Франција...

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, денеска ќе биде отворена изложбата „Париз, те сакам“, со дела на 41 македонски уметник кои во изминатите години беа на двомесечен студиски престој во Меѓународниот град на уметностите во Париз (Cite internationale des Arts).
Почнувајќи од 2002 година, Министерството за култура на Република Македонија поддржа претставување на повеќе од 100 уметници, кои имаа можност да разменат искуства со уметници од Франција и од други држави, да контактираат и посетат институции од областа на културата во Париз и да договорат соработка со соодветни галерии.
Изложбата во Чифте амам ќе ја отворат министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и амбасадорката на Франција во Македонија Лоренс Оер.
