Милошоски: Заев, Димитров и Османи да објаснат за кои дополнителни анекси се разговара со Бугарија
Протестите ќе траат сè додека двоецот Заев-Бучковски јавно не обелодени за што се преговара со Бугарија...

Опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со мирните протести и блокадите на главните крстосници во Скопје и во уште девет градови низ државава.
Повикуваме до институциите особено до Заев, Димитров и Османи да се појават пред Собранието како дом каде што се наоѓаат народните избраници и таму на граѓаните преку пратениците и на јавноста да и објаснат за кои дополнителни анекси се разговара по однос на Договорот со Бугарија и зошто јавноста беше излажана во 2017 година дека Договорот со Бугарија ги решил сите македонско-бугарски спорови и го отвара патот за ЕУ. Гледаме дека тоа не е вистина и сметаме дека таа вистина Заев, Димитров и Османи им ја должат на граѓаните, на Собранието и на јавноста- изјави денеска пратеникот Антонио Милошоски.
Во главниот град се протестира пред Собранието, пред трговскиот центар „Мавровка“ и пред поранешната зграда на Нова Македонија.
