Македонија првпат како полноправна членка на НАТО Самит во Брисел
Во Брисел прв самит на НАТО со Македонија како полноправна членка. Земјава ја претставува премиерот Заев. Нови напори на македонската влада во обид на највисоко ниво, да ја убеди Бугарија да го тргне ветото. На маргините од самитот на НАТО во Брисел, најавена средба на премиерот Заев и шефот на дипломатијата Османи со бугарскиот претседател Радев...

Денеска во Брисел, премиерот Зоран Заев ја предводи владината делегација составена од министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, на НАТО Самитот 2021.
Ова е прв НАТО Самит на кој Северна Македонија учествува како полноправна членка и прв НАТО Самит со 30 членки. На Самитот, владината делегација ќе учествува на состанокот на шефовите на државите и влади на Северноатлантскиот совет.
Нови напори на македонската влада во обид на највисоко ниво, да ја убеди Бугарија да го тргне ветото. На маргините од самитот на НАТО во Брисел, најавена средба на премиерот Заев и шефот на дипломатијата Османи со бугарскиот претседател Радев.
