Ковид-19

Главниот кризен штаб ги прифати препораките за олабавување на мерките

14.06.2021 10:12

Главниот кризен штаб ја прифати препораката за укинување на полицискиот час од среда и олабавување на дел од рестрикциите за организирање концерти и други културни настани со одредени протоколи...

Главниот координативен Ковид-19 кризен штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за олабавување на мерките, почнувајќи од 16 јуни 2021 година и ги предлага на конечно усвојување на утрешната владина седница:

- укинување на ограничувањето на движењето;

- сите настани кои ќе се организираат на отворено, може да се организираат со капацитет до 1.000 лица и искористување на просторот до 50%;

- се отстранува лимитот од 100 присутни лица на свадбите.

За препораките Владата ќе дискутира и одлучи на следната владина седница.