Почнува запишувањето во средните училишта
Освен денеска, во јунскиот уписен рок запишувања ќе има и во наредните три дена. Ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени во четврток по 16 часот.

Од денеска почнува запишувањето во прва година средно образование во новата учебна година. Слободни се 30.053 места во 913 паралелки во 109 средни училишта. Освен денеска, во јунскиот уписен рок запишувања ќе има и во наредните три дена. Ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени во четврток по 16 часот.
Квалификациското тестирање ќе се организира идниот понеделник и тој ден ќе бидат објавени конечните ранг-листи со резултатите. Второто пријавување е на 23 и 24 јуни, а третото е на 30 јуни.
Од вкупниот број слободни места во прва година средно, 19.602 се во стручното образование, а нешто повеќе од 9.000 се во гимназиите.
