Велика Британија: Се одложува укинувањето на рестриктивните мерки

14.06.2021 10:28

Ноќните клубови остануваат затворени, а луѓето и натаму се советуваат да работат од дома доколку тое е можно.

Британската влада ќе го одложи целосното укинување на рестриктивните мерки, што требаше да се случи на 21 јуни. Најверојатно во сила ќе останат уште најмалку четири недели.

Ноќните клубови остануваат затворени, а луѓето и натаму се советуваат да работат од дома доколку тое е можно.

Голем број научници ја повикаа владата да го одложи укинувањето на сите рестрикции, со цел да се вакцинираат што поголем број луѓе поради загриженоста околу индискиот сој на вирусот.

Се проценува дека 90% од новите случаи на зараза се од таканаречениот делта-сој, за кој се вели дека е 60% попренослив од претходниот.