Пресушија дел од изворите на Шара
Од 20 до 30 проценсти се намалени шарските извори за изминативе две децении. Ова се проценките на планинарските друштва и Центарот за јавно здравје Тетово, институција која ги контролира и одржува дел од водоснабдителните системи на Шара. Намалено е и нивото на подземните води во низините...

Климатските промени кои резултираат со намалени врнежи ги пресушија дел од изворите на Шара, а на останатите им ја намалија издашноста. Недостигот е проблем со кој ќе се соочуваме во иднина поради зголемната потреба од вода, како и нејзиното нерационално користење.
Освен на Шара, сѐ помалку вода има и во низините во полошките општини.
Нивото на водата ни се намалува, сега бараме некои други извори, отворање на бунари во повеќе села во нашата општина, но ова е работа кој не може да се спроведе брзо, потребни се проекти и инвестции, вели Енвер Пајазити, градоначалник на Општина Брвеница.
На климатските промени потребно е да се прилагодиме со сериозни инвестиции. Речиси сите полошки општини се соочуваат со недостиг од вода за пиење, каде поради старите и дотраени водоводни системи се губи и нерационално се користи.
Зоран Димовски
