ЕМА: „АстраЗенека“ е безбедна за сите возрасти
Претходно, италијанските медиуми пишуваа дека шефот на работната група за Европската агенција за лекови, Марко Кавалери, тврди дека вакцина треба да се избегнува првенствено кај луѓе постари од 60 години, а потоа и помлади, поради страв на згрутчување на крвта.

Според шефот на работната група на Европската унија за регулирање на лекови против Ковид 19, вакцината „АстраЗенека“ е корисна за сите возрасни групи, особено за оние над 60-годишна возраст.
Претходно, италијанските медиуми пишуваа дека шефот на работната група за Европската агенција за лекови, Марко Кавалери, тврди дека вакцина треба да се избегнува првенствено кај луѓе постари од 60 години, а потоа и помлади, поради страв на згрутчување на крвта.
Ставот на Европската агенција за лекови е дека „АстраЗенека“ е безбедна и може да ја користат сите возрасни групи над 18 години.
