Израел
Запечатен крајот на ерата на Нетанјаху
14.06.2021 11:22
Нетанјаху беше на премиерската позиција цели 12 години непрекинато. Израелски парламент - Кнесетот ја поддржа новата, таканаречена влада на промени.

По цели 12 години, израелскиот парламент го отвори патот за првата влада во Израел без Бенјамин Нетанјаху на врвот. Новата коалиција доби тесно мнозинство гласови.
Нетанјаху беше на премиерската позиција цели 12 години непрекинато. Израелски парламент - Кнесетот ја поддржа новата, таканаречена влада на промени.
Лидерот на опозицијата Јаир Лапид и лидерот на радикалната десница Нафтали Бенет, кој стана нов премиер ја претставија новата 36-та влада на Израел.
Се состои од две левичарски, две централно- десни партии, три десничарски партии и една партија на израелски арапи, осум од 13 во Кнесет.
