Столтенберг: Членството на Македонија и Црна Гора е доказ дека вратите на НАТО се отворени

14.06.2021 11:53

Ова прв Самит со учество на Македонија како полноправна членка на Алијансата.

Пред почетокот на денешниот Самит на НАТО, генералниот секретар Столтенберг повтори дека Западниот Балкан е од голема важност за Алијансата. Во последните години, две земји од регионот станаа членки на НАТО

Имаме нови земји членки од тој регион во последните неколку години, со тоа докажавме дека вратата на НАТО е отворена, Македонија и Црна Гора се нови земји членки, но имаме и партнери во другите земји од регионот и уште го имаме КФОР во Косово, присутни сме и продолжуваме да помагаме да го стабилизираме регионот, изјави Столтенберг во интервју посветено на иднината на НАТО во наредните 10 години.

Ова прв Самит со учество на Македонија како полноправна членка на Алијансата. Македонската делегација ја предводи премиерот Зоран Заев.