Ѓоковиќ по втор пат го освои Ролан Гарос

14.06.2021 10:16

Ова е негова втора победа на Ролан Гарос. Тој првпат победи во 2016 година.

Победник на Ролан Гарос 2021 во машка конкуренција е српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Во финалето тој го победи Гркот Стефанос Циципас со 3:2, иако Гркот водеше со 2:0 по првите два сета. 

Натпреварот траеше четири часа и 12 минути. Ѓоковиќ направи пет аса, со три двојни грешки и пет реализирани брејк топки од 16. Неговиот противник имаше 14 аса, четири двојни грешки три успешни брејка од осум можности. Србинот е прв тенисер што ги освои сите четири Грен слем турнири двапати.

Ова е негова втора победа на Ролан Гарос. Тој првпат победи во 2016 година. Триесет и четиригодишниот тенисер има и девет титули на Австралија опен, пет на Вимблдон и три на УС Опен.