ДИК треба да го заклучи избирачкиот список

24.03.2014 10:47

ДИК требаше да го заклучи Избирачкиот список најдоцна до 22 март, но рокот беше пробиен поради расправата за дописот од СДСМ...

Државната изборна комисија се очекува денеска да го заклучи Избирачкиот список за претседателските избори, откако за време на викендкот Управниот суд ги одби тужбите на СДСМ и на ДУИ.
 
Управниот суд вчера ја ортфли тужбата на СДСМ против решението на ДИК за дополнителна проверка на лица што живеат на иста адреса, бришење на починати лица, промена на податоци на лица по различен основ и запишување на три лица во Избирачкиот список, а во саботата и тужбата на ДУИ, против решението на Комисијата за бришење на наведените лица во приговорот од посебниот избирачки список за гласање во странство.
 
ДИК требаше да го заклучи Избирачкиот список најдоцна до 22 март, но рокот беше пробиен поради расправата за дописот од СДСМ.
 
Денеска започна претседателската кампања за изборите закажани за 13 април, додека на вториот круг од изборите на 27 април ќе се одржат предвремени парламентарни избори. Увидот во Избирачкиот список за овие избори трае до 30 март.