Институт за хемија

Нова опрема за следење на ефектите од процесот на чистење на линданот во „Охис“

14.06.2021 12:42

На Институтот за хемија, нова лабараторија за хроматографски анализи. Опремата ќе се користи за контрола на ефектите на чистењето на линданот во Охис. Норвешката донација е вредна 94 илјади долари...

Лабараторијата за хроматографски анализи на Институтот за хемија ја стави во функција новата аналитичка опрема која ќе се користи за контрола на ефектите на чистењето на линданот во ОХИС. Опремата е во вредност од 94.000 долари и е донирана од Кралството Норвешка во рамките на проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“.

Лабараторијата за хроматографски анализи доби гасен хроматограф, семплери, концетратори, растворувачи и стандарди кои ќе овозможат редовен мониторинг на емисиите на загадувачките супстанции во воздухот и почвата.

Очекуваме работата на терен да започне со првични активности, како што е расчистување на околината, најдоцна до крајот на месецов- најави министерот за животна средина Нуредини.

Министерот го поздрави демонтирањето на дивите платформи поставени на брегот на Охридското Езеро и ги повика општинските власти во Охрид и Струга да продолжат со активностите за отстранување на таквите објекти, согласно препораките на УНЕСКО.

 

Марина Стојанова Тонева