Струга

Се отстрануваат платформите на струшкото крајбрежје, угостителските објекти ќе продолжат со работа

14.06.2021 12:53

Започна отстранување на платформите на струшкото крајбрежје. Ќе се отстрануват шест платформи од Охридското Езеро, но угостителските објекти на плажите ќе продолжат непречно да работат...

Започна уривањето на платформите во Струга. На атрактивните плажи в долж брегот денес започна отстранување на платформите од езерото. Концесионерите сами ги демонтираат објектите по налог на општината. Градоначалникот, кој денес заедно со вицепремиерот Артан Груби изврши увид на крејбрежието, најави дека ќе се отстрануваат шест платформи за зачувување на статусот на регионот под УНЕСКО.

За разлика од Охрид каде се уриваа и објектите на плажите, во Струга угостителските објекти ќе продолжат да работат.

„Сите тие плаќаат такса како што е наложено во одобренијата од 2010 година. Овде нема дивоградби ова што го правиме е солидарно и бараме фид бек план како да се развиеме, мора да се развиеме“, вели градоначалникот Рамиз Мерко.

„Во дијалог со општинските власти, во согласност со препораките на УНЕСКО ќе се отстранат платформите на најдобар начин преку дијалог со бизнис заедницата и општината“, вели вицепремиерот Артан Груби.

Концесионерите велат ќе ги остранат платформите, но сметаат дека погрешно е да се прават штети во ек на сезона.

По наредба постапуваме по решението што го добивме во петокот, не чекавме ете сами стартувавме, сметам дека ова можеше да биде после сезоната“, вели Галип Османоски концесионер на плажа.

Струшкиот градоначалник ја повика државата и Комисијата на УНЕСКО да дадат план и насоки за развој на туризмот во градот. Засега нема да се уриваат платформите во струшкото село Радожда.

Соња Рилковска