Брисел
На маргините на Самитот на НАТО, средба Заев- Радев
14.06.2021 13:05
Последна шанса да се убеди Бугарија да го тргне ветото за нашите евроинтеграции. Во Брисел, средба на премиерот Заев и шефот на дипломатијата Османи со бугарскиот претседател Радев...

Во Брисел, прв самит на НАТО со Македонија како полноправна членка. Земјава ја претставува премиерот Заев. Нови напори на македонската влада во обид на највисоко ниво, да ја убеди Бугарија да го тргне ветото. На маргините од Самитот во Брисел, средба на премиерот Заев со бугарскиот претседател Радев.
Од Брисел известува Ирина Гелевска.
