ВМРО-ДПМНЕ продолжува со протести, блокада пред МНР во 17 часот

14.06.2021 13:39

Заев и Османи кријат за што се преговара и на што сѐ се подготвени да прифатат од бугарската декларација- велат од опозициската партија

Опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ попладне продолжува со протестите, но овојпат пред Министерството за надворешни работи.

Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека протестот ќе започне во 17 часот, поради, како што посочуваат оттаму, спречување на националниот срам што ѝ се подготвува на земјава.

Оттаму велат дека Заев и Османи кријат за што се преговара и на што сѐ се подготвени да прифатат од бугарската декларација.