Руски војници ја контролираат поморската база Феодосија

24.03.2014 12:15

Од вчера делови од црноморскиот полуостров Крим се без струја...

Руски војници изутрината ја превзеле контролата на поморската база Феодосија од украинските воени сили, изјави потпаролот на министерство за одбрана. Нема информации за повредени.

Од вчера делови од црноморскиот полуостров Крим се без струја. Регионалната енергетска компанија соопшти дека се работи за технички проблем на далновод меѓу Украина и Крим.

Локалните жители велат дека Киев тенденциозно воведува рестрикција, и се загрижени дека Украина која е главен дистрибутер на храна и вода, може да го најмали дотурот.

Рускиот претседател Путин и германската канцеларка Меркел задоволни од договорот за распоредување на набљудувачи на ОБСЕ,  во девет града во Украина.