Промоција на македонските бизнис и извозни потенцијали во Букурешт
Денеска во Стопанската Комора на Букурешт, директорот на Агенцијата за привлекување странски инвестиции, Дејан Павлески, ги претстави поволностите кои што се на располагање на инвеститорите, поддршката на извозот, како и условите за трговска соработка.

Пред романските стопанственици презентирана македонската бизнис клима и извозните потенцијали. Денеска во Стопанската Комора на Букурешт, директорот на Агенцијата за привлекување странски инвестиции, Дејан Павлески, ги претстави поволностите кои што се на располагање на инвеститорите, поддршката на извозот, како и условите за трговска соработка.
„Традиционално добрите врски и пријателски односи помеѓу двете земји и народи нека бидат поттик за зголемување на вкупната трговска размена, создавање на можности за меѓусебни инвестиции и соработка на компаниите за вклучување во своите вредносни синџири“, нагласи Павлески.
По бизнис презентациите, од страна на претседателот на Комората на Букурешт, а во присуство на Министерот за економија Крешник Бектеши и Министерот за земјоделие Аријанит Хоџа како и на стопанствениците од двете земји, беше отворена „Неделата на македонски производи“.
Со штандови со свои брендови од прехранбената, млечната, кондиторската и винската индустрија присутни се повеќе македонски компании. Производите ќе им бидат достапни и за дегустација на заинтересираните посетители на настанот кој ќе трае до 18-ти јуни.
Настаните се организирани во рамките на „спортската дипломатија“ и учеството на нашата репрезентација на Европско првенство во фудбал.
