Образование

Со строги протоколи, почна уписот во средните училишта

14.06.2021 14:46

Слободни се над 30.000 места, најголемиот дел за стручно образование. Во главниот град традиционално најатрактивни остануваат јазиците, гимназиите, но и медицината.

Редици пред средните училишта. Стартуваше првиот уписен рок за полуматурантите. Слободни се над 30.000 места, најголемиот дел за стручно образование. Во главниот град традиционално најатрактивни остануваат јазиците, гимназиите, но и медицината.

Годинава уписите се по строги протоколи. Во училиштата нема подолги задржувања, на влезовите се мери температура, се дезинфицираат рацете, се носи маска, уписите се во две смени. Директорите на скопските училишта задоволни од интересот. Очекуваат да ги пополнат местата во првиот уписен рок. Родителите, пак, очекуваат од 1- ви септември децата да тргнат на училиште.

Годинава 19.602 места резервирани за струките. Во Тетово најголем е интересот за електротехничката струка.

Од Регионалниот центар за стручно образование задоволни од одзивот и одлуката на учениците наместо гимназија да се насочат кон стручното образование.

За да се потикнат учениците да се запишат во средно стручно образование, годинава воведени се и стипендии.

 

Викторија Милевска