Четири нови случаи со Ковид-19, едно лице почина
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.540, бројката на оздравени пациенти е 149.642, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 426.

Во последните 24 часа се направени 1.337 тестирања, а регистрирани се четири нови случаи на Ковид-19 од: Скопје – 3 и Прилеп – 1, соопштуваат од Министерството за здравство. Регистрирани се 14 оздравени пациенти од: Скопје – 8, Куманово – 3, Прилеп, Неготино и Македонска Каменица – по 1. Пријавено е 1 починато лице: од Скопје (66г), во болнички услови.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.540, бројката на оздравени пациенти е 149.642, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 426.
Досега во земјата се направени вкупно 835.436 тестирања на Ковид-19.
