Постигната согласност за зголемување на платите на судиите
Десет проценти оваа, а пет в година е зголемувањето на судските плати договорено меѓу Владата и Здружението на судиите. Ресорниот министер Маричиќ најави можно зголемување уште за пет проценти до 2023-та година.

Десет проценти оваа, а пет в година е зголемувањето на судските плати договорено меѓу Владата и Здружението на судиите. Ресорниот министер Маричиќ најави можно зголемување уште за пет проценти до 2023-та година. Очекува, вели, да се сфати како позитивен сигнал и да влијае за поголема транспарентност, одговорност и ефикасност на судиите.
Од средбата произлегол и ставот за трајно дефинирање на коефициентите на судската власт како еден долгогодишен проблем.
Прашан за измените во Изборниот законик, министерот го повтори ставот дека нема да го доведат во прашање изборниот процес доколку не се постигне договор за отворени листи и изборот на градоначалници.
Фиљана Кока
