Бајден: Членот 5 на НАТО е света обврска за САД
Ова е првиот самит на НАТО за Бајден како претседател на САД, тој најави дека “САД се враќа” во Алијансата како и во меѓународните односи, по четиригодишниот мандат на неговиот претходник кој предизвика тензии со сојузниците на НАТО.

Претседателот на САД, Џо Бајден, пред почетокот на лидерскиот самит на НАТО, пред новинарите изјави дека членот пет од Повелбата на Северноатлантската алијанса е света обврска за неговата земја.
Ова е првиот самит на НАТО за Бајден како претседател на САД, тој најави дека “САД се враќа” во Алијансата како и во меѓународните односи, по четиригодишниот мандат на неговиот претходник кој предизвика тензии со сојузниците на НАТО.
НАТО е критично важна за интересите на САД, да не постоеше ќе требаше да ја измислиме, таа им овозможува на САД да го водат својот бизнис во светот, рече американскиот претседател.
Тој инсистираше на важноста на членот пет од Повелбата на НАТО кој гласи дека напад врз една земја членка е напад врз сите.
Членот пет за нас е света обврска. Кога Америка беше нападнати сите направија исчекор и го испочитуваа членот пет, сакам цела Европа да знае дека САД е тука, рече Бајден.
