Ред Бул се заканува
Шампионскиот тим на Ред Бул според сопственикот Дитрих Матешиц би можел да го напушти Ф1 шампионатот ако ФИА продолжи со контроверзни одлуки како дисквалификацијата на Даниел Рикардо...

Од Ред Бул имаат многу забелешки на водењето на првенството од страна на федерацијата и за нив веќе не е прашање дали формула 1 има економска оправданост, туку дали има спортски вредности и дали е под политичко влијание. Од Ред Бул и натаму тврдо стојат на ставот дека сензорот за проток на гориво што ФИА го користи уште од претсезонските тестирања е неисправен и дека на сослушувањето закажано за 14 април во Париз тоа и ќе го докажат.За разлика од повеќето други тимови зад Ред Бул не стојат автомобилски компании и нивниот интерес во Ф1 е во областа на маркетингот, па според Матешиц ако немаат маркетиншка оправданост за учеството во шампионатот тогаш ништо не ги врзува за Ф1.
„Постои јасна граница до каде што можеме да одиме“-вели Матешиц, додавајќи дека е бесмислено да се уриваат рекорди во ниска потрошувачка на гориво, дека поентата на трките не е во тоа гледачите да можат да разговараат меѓу себе поради тивките мотори,а најголема возбуда да биде звукот од пневматиците. Според него, апсурдно е ГП 2 серијата да биде дури и побрза од болидите во Ф1.
