Денеска пристигнуваат 20.000 вакцини „Астра Зенека“ донација од Грција
Министерот за здравство Венко Филипче, синоќа, преку Фејсбук за донацијата коментираше дека е „одлична вест од соседна Грција“ и му се заблагодари на грчкиот народ.
Вакцините кои Грција ги најави како помош за Северна Македонија, денеска се очекува да пристигнат во Скопје. Станува збор за донација од 20.000 дози „Астра Зенека“.
Министерот за здравство Венко Филипче, синоќа, преку Фејсбук за донацијата коментираше дека е „одлична вест од соседна Грција“ и му се заблагодари на грчкиот народ.
Оваа донација е многу значајна за нас и би сакал да изразам голема благодарност до грчкиот народ и до амбасадорот на Република Грција кај нас, Н.Е. Русос Кундурос. Пристигнувањето на новите дози на вакцини се одвива навремено и согласно ова имунизацијата има одличен тек. Апелирам што поголем број граѓани да се пријават на vakcinacija.mk, напиша на Фејсбук доцна синоќа министерот Филипче.
