Српските туристи од денеска на Табановце ќе добиваат картички за бесплатна патарина
До 15-ти август до кога трае одлуката, државни патишта треба да дистрибуираат 200 илјади картички кои ќе се изработуваат сукцесивно.

Од денеска стапува во сила одлуката на Владата за бесплатна патарина за српските државјани по Коридорот 10. Јавното претпријатие државни патишта вчера му ги предаде првите 65 илјади паметни картички на Министерството за внатрешни работи кое од денеска ќе ги распределува на возилата со српски туристи што ќе поминат на граничниот премин Табановце.
До 15-ти август до кога трае одлуката, државни патишта треба да дистрибуираат 200 илјади картички кои ќе се изработуваат сукцесивно.
Сумата која е ставена како припејд кредит за наплатните станици од Куманово до Гевгелија е во износ од 760 денари, како надомест за патарина во двата правци, а самата електронска картичка чини 100 денари.
Мерката е со цел да возратиме на Србија за хуманиот гест и помошта во вакцини.
