Иновации

ФИТР за прв пат инвестира во четири компании за развој на дигитализација на земјоделството

15.06.2021 10:34

Вкупниот буџетот за финансирање на четирите избрани решенија изнесува 6 милиони денари. За поединечен предлог проект, ФИТР обезбедува финансирање до 90% од вкупниот буџет, во максимален износ од 1, 5 милиони денари. Апликантот треба да обезбеди минимум 10% од вкупниот буџет на проектот а рок за реализација на проектите е 12 месеци.

Четири компании се добитници на финансиска поддршка во рамките на првиот „Предизвик за дигитализација на земјоделство“ кој го спроведува Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Минстерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) финансирана од Швајцарската Агенција за развој и соработка.

Проектот „FIELLDTEQ - дигитална земјоделска мултијазична платформа и мобилна апликација“ на скопската компанија 8ТЕК, АгФутура Технологии со проектот „Центар за дигитално земјоделство“, Агродидаем Технологија - Битола со проектот „Агромилк Д21- Контролер за резервоари за млеко“ и Дрон Опс од Штип со проектот „Конструкција на дрон за набљудување, мерење и аналитика“ се четирите стартап компании кои со своите решенија ќе работат на трансформација на земјоделскиот сектор и ќе придонесат кон поефикасно и поодржливо земјоделство.

„Глобалните трендови покажуваат дека технологиите се клучни во развојот на земјоделството и затоа ќе продолжиме да инвестираме на тоа поле и во иднина. Овие домашни стартапи понудија иновативни решенија чијашто имплементација директно ќе се рефлектира врз продуктивноста, попрецизното земјоделство и автоматски врз зголемувањето на приходите на земјоделците“, посочи Коста Петров, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.

Вкупниот буџетот за финансирање на четирите избрани решенија изнесува 6 милиони денари. За поединечен предлог проект, ФИТР обезбедува финансирање до 90% од вкупниот буџет, во максимален износ од 1, 5 милиони денари. Апликантот треба да обезбеди минимум 10% од вкупниот буџет на проектот а рок за реализација на проектите е 12 месеци.

Поддржаните компании ќе добијат и менторска поддршка и поддршка во комерцијализација на иновациите од страна на Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ).

На предизвикот се пријавиле вкупно 38 компании.