Столтенберг: Кина е воена закана, не сакаме нова Студена војна

15.06.2021 10:31

На самитот во Брисел, тој нагласи дека оваа азиска земја забрзано го шири нуклеарниот арсенал и продолжува да соработува со Русија.

„Кина е воена закана, а НАТО не сака нова Студена војна“, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг. На самитот во Брисел, тој нагласи дека оваа азиска земја забрзано го шири нуклеарниот арсенал и продолжува да соработува со Русија.

Официјален Пекинг го обвини Северноатлантскиот воен сојуз за попречување на развојот на Кина, потенцирајќи дека мора да работи на својата одбрана од потенцијалните непријатели.

„Русија и Кина сакаат да не поделат, но нашиот сојуз е цврст, НАТО е единствен, САД се вратија“, порача лидерот на Белата куќа Џо Бајден кој утре ќе се сретне со рускиот колега Владимир Путин.