Ердоган: Продолжува дијалогот со Грција
15.06.2021 10:45
Тој тврди дека не се потребни посредници во процесот меѓу двете соседни земји кои долго време не успеваат да постигнат компромис за споровите околу Источен Медитеран и мигрантите.

Грција и Турција ќе го продолжат дијалогот за поважните прашања, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по средбата со грчкиот премиер Кирикјакос Мицотакис во Брисел.
Тој тврди дека не се потребни посредници во процесот меѓу двете соседни земји кои долго време не успеваат да постигнат компромис за споровите околу Источен Медитеран и мигрантите.
Минатата година, Анкара и Атина ги влошија односите откако Турција испрати брод во потрага по природни енергенси во водната зона на Средоземјето која Грција ја смета за своја територија.
