ЕГИПЕТ

Одложен состанокот за палестинскиот национален дијалог

15.06.2021 11:50

Анонимни извори тврдат дека одлуката е донесена поради преполната агенда на египетската Генерална разузнавачка служба, која е спонзор на овој дијалог, а и неможноста да се најде заеднички јазик меѓу страните за постигнување договор.

Египет го одложи одржувањето на палестинскиот национален дијалог, што требаше да почне во Каиро неделава.

Анонимни извори тврдат дека одлуката е донесена поради преполната агенда на египетската Генерална разузнавачка служба, која е спонзор на овој дијалог, а и неможноста да се најде заеднички јазик меѓу страните за постигнување договор.

Главните спорни точки меѓу Фатах - Палестинското движење за национално ослободување  и ​​Хамас, Исламското движење на отпорот, се однесуваат на патот кон помирувањето и прашањето за реконструкција.

Последниот  дијалог под покровителство на Египет се одржа во февруари, што доведе до договор за одржување избори во Палестина.