Политика

Заев: Нема алтернатива за ЕУ

15.06.2021 11:34

Нема ниту план Б, ниту алтернатива за ЕУ, самото пристапување кон ЕУ значи европеизација на Северна Македонија. Не сакаме да бидеме членки само заради членството во ЕУ, ние сакаме да бидеме членка заради европеизацијата на земјата која ќе се случува низ отворањата и затворањата на поглавјата и да ја донесеме Европа во Северна Македонија, вели премиерот Зоран Заев во интервју за МИА.

Нагласува дека посакува на 22-ри јуни да нема вето од Софија, односно Советот за општи работи на Европската унија да донесе одлука за официјален старт на преговорите, но и ако не се постигне решение, барем да ги заокружиме дискусиите и да чекаме политичка влада во Бугарија. Ако не постигнеме решение, да направиме исчекор со којшто со политичката влада ќе се најде решение.

Правиме до крајот на оваа недела официјална посета на софија каде со претседателот Радев, со премиерот Стефан Јанев и нивните министри ќе седнеме и ќе ги разглобиме до крај сите детали, додава премиерот.

Нагласува и дека ние сме мала земја и сакаме пријателство со сите и кога земјите партнери го градат тоа пријателство и соработка и со Кина и со Русија и наша цел е да градиме пријателство, но ние сме членка на НАТО и до крај се почитуваат принципите на Алијансата.