Пристигна донацијата од 20.000 вакцини „Астра Зенека“ од Грција

15.06.2021 12:20

Солидарноста меѓу пријателските земји во време на ковид пандемијата покажува колку е важно сите да бидеме сплотени во процесот на имунизација бидејќи тоа е единствениот начин да издвојуваме победа против вирусот Ковид- 19, вели министерот Филипче.

Пристигнаа 20.000 дози вакцини „Астра Зенека“ донацијата од Грција. Солидарноста меѓу пријателските земји во време на ковид пандемијата покажува колку е важно сите да бидеме сплотени во процесот на имунизација бидејќи тоа е единствениот начин да издвојуваме победа против вирусот Ковид- 19, вели министерот Филипче.

Вчера пристигнаа 12.870 дози вакцини „Фајзер“. Ова е редовна пратка која ја добиваме секој понеделник од кои 8.190 дози се од билатералниот договор со производителот, а 4.680 во рамките на програмата „Тим Европа“.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 259.935 граѓани. Прва доза вакцина во текот на вчерашниот ден примиле 3.222 граѓани, а вкупно се вакцинирале 4.840.