Првостепена пресуда
Три и пол години затвор за актерката Стојановска, нејзиниот партнер осуден на седум години
15.06.2021 13:39
Актерката Силвија Стојановска и нејзиниот партнер Воислав Будисавјевиќ, денеска во Кривичниот суд беа прогласени за виновни по обвинението за транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија

Кривичниот суд ги прогласи актерката Силвија Стојановска и Воислав Будисавјевиќ за виновни по обвинението за транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија.
Стојановска во првстепен е осудена на 3,5 години затвор, а нејзиниот партнер на 7 години. До правосилноста на пресудата таа ќе остане на слобода, со мерки на претпазливост, а тој останува во притвор.
Двајцата беа обвинети по полициската акција „Колибри“, а по првостепена пресуда имаат право на жалба.
