Уставен суд

Кацарска: Не постои политичар кој може да ми се јави и да ми каже како да работам

15.06.2021 14:12

Новоизбраната претседателка на Уставниот суд, Кацарска, гарантира дека не постои политичар кој може да ѝ се јави и да ѝ каже како да работи. На тркалезната маса посветена на отвореноста на Уставниот суд, се слушна и ветување од Кацарска дека судот кој е сосема затворен, набрзо ќе го отвори за јавноста.

Претседателката на Уставниот суд, Кацарска гарантира дека немало и нема влијанија врз нејзината работа од политичарите. Критиките на опозицијата се неосновани, рече во своето прво појавување јавно. Апелираше до политичките партии за избор на уставни судии кои се професионалци и чесни индивидуи од фелата.

Судот работи со тројца судии помалку. Може да се носат одлуки, но државата не смее да го дозволи тоа, предупреди поранешната судијка во Стразбур и претседателка на Инситутот за човекови права, Цаца Николовска.

На тркалезната маса посветена на отвореноста на Уставниот суд, се слушна и ветување од Кацарска дека судот кој е сосема затворен, набрзо ќе го отвори за јавноста.

Веќе дала налог да се одобри употреба на мобилните телефони на седниците, а ќе се потруди да ги внесе и камерите.

Поранешната уставна судијка Гзиме Старова, порача дека новинарите мора да се вратат во Уставниот суд и за секоја одлука да споделат со јавноста кој стои зад таа одлука.

 

Фиљана Кока