Собрание

Новиот концепт за основно образование ги скара власта и опозицијата

15.06.2021 14:26

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека реформи се потребни, но не врз историјата која според нив, треба да се изучува како самостојна наука, за децата да си ги знаат корените и развојот на македонската држава.

Новиот концепт на основно образование со кој се предвидува спојување на предметите Историјата и Граѓанско општество ги скара власта и опозицијата. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека реформи се потребни, но не врз историјата која според нив, треба да се изучува како самостојна наука, за децата да си ги знаат корените и развојот на македонската држава.

Манипулирате и правите конфузија кај граѓаните и учениците, обвинија од власта. Во ниту еден момент не е доведено во прашање изучувањето на историјата. Со новиот концепт нема да се укине предметот и неговото значење, вели Каески.

Од ВМРО- ДПМНЕ бараат измени во предлог- законот за основно образование со што историјата ќе стане задолжителен предмет, но и јавна расправа со експертската и научната фела.

 

Викторија Милевска