ВМРО-ДПМНЕ и денеска со протест пред МНР
Утре очекуваат одговор за преговорите со Бугарија од министерот за надворешни работи Бујар Османи, на седница на собраниската комисија за надворешни работи...

ВМРО-ДПМНЕ и денеска од 17 до 19 часот ќе одржи протест пред МНР. Утре очекуваат одговор за преговорите со Бугарија од министерот за надворешни работи Бујар Османи, на седница на собраниската комисија за надворешни работи.
На истата седница се очекува информација, за што точно се преговара со Бугарија, по што потоа ќе се знае, дали и натаму ќе продолжат со протестите.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и претседател на собраниската Комисија за надворешна политика, Антонијо Милошоски, за утре во 15 часот свика седница.
Османи најави дека ќе ги вложи сите напори в среда да биде во Скопје и да се обрати пред пратениците. Истовремено му порача на Милошоски дека очекува со иста ревносност да закаже седница и за избраните амбасадори.
