Креативна Европа- перспективите на Западен Балкан
Во Киното Фросина тркалезна маса на тема „Креативна Европа – перспективите на Западен Балкан“. Настанот е дел од тридневната програма на Министерството за култура за организирање промотивни настани...

Од минатиот циклус на програмата „Креативна Европа“ со 4,5 милиони евра од Европската унија, поддржани се 79 проекти на невладини организации, издавачки куќи, национални и локални установи од областа на културата за проектот „Креативна Европа“. Во периодот од 2014 до 2020 преку оваа програма се доделени преку 13.000 грантови, а ја искористиле 41 земја. Кофинансирани се близу 16.500 културни проекти за соработка со Европа, рече министерката за култура Стефоска.
Амбасадорот на Европската унија во нашата држава, Дејвид Гир истакна дека културниот и креативниот сектор секогаш играле главна улога во животот на Европа и ги ширеле европските вредности.
„Програмата Креативна Европа е на некој начин консолидирана форма на поддршката на ЕУ за овие индустрии. Во периодот од 2014 до 2020 преку оваа програма се доделени преку 13.000 грантови, а ја искористиле 41 земја. Кофинансирани се близу 16.500 културни проекти за соработка во Европа“, нагласи евроамбасадорот Гир.
Амбасадорот Гир додаде дека културниот и креативниот сектор претствуваат 4,2 проценти од европскиот вкупен БДП и 3,8 проценти од работната сила во ЕУ.
Александра Спировска
