29 нови случаи со Ковид-19, нема починати

15.06.2021 15:56

Тоа претставува еден процент од направените 2.887 тестирања. Како оздравени се водат 34 пациенти. Немало починати.

Во изминативе 24 часа се регистрирани нови 29 заразени со коронавирусот. Тоа претставува еден процент од направените 2.887 тестирања. Како оздравени се водат 34 пациенти. Немало починати.

Во моментов имаме 420 активни случаи. Во ковид-центрите во Скопје изминатово деноноќие е хоспитализиран само еден пациент и сега во главниот град се лекуваат 30 лица.

На ниво на држава, пак, во болниците се сместени вкупно 96 пациенти, позитивни и сомнителни на коронавирусот. Останати се 460 празни кревети.