Разговорите Белград- Приштина без напредок
Според Вучиќ, спротивната страна била заинтересирана само за тоа кога Србија ќе го признае Косово. Курти, пак, соопшти дека понудил четири предлози, но тие биле одбиени. Меѓу нив било наведено и потпишување на заедничка мировна декларација.

Разговорите Белград- Приштина без напредок по средбата на српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти во Брисел.
Според Вучиќ, спротивната страна била заинтересирана само за тоа кога Србија ќе го признае Косово. Курти, пак, соопшти дека понудил четири предлози, но тие биле одбиени. Меѓу нив било наведено и потпишување на заедничка мировна декларација.
Разговорите се одржаа со посредство на шефот на европската дипломатија Жозеп Борел и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград- Приштина, Мирослав Лајчак.
