Собрание

Седница на Комисијата за надворешна политика, во фокус дијалогот меѓу Скопје и Софија

16.06.2021 09:47

Претседателот на комисијата, Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ побара од шефот на дипломатијата да реферира за што се разговара со Бугарија, пред состанокот на Советот на Европската унија, следната недела.

Во Собранието за попладне е закажана Комисија за надворешна политика, на која треба да се разгледа дијалогот меѓу Скопје и Софија и португалскиот предлог за надминување на спорот.

Претседателот на комисијата, Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ побара од шефот на дипломатијата да реферира за што се разговара со Бугарија, пред состанокот на Советот на Европската унија, следната недела.

Османи најави дека ќе има можност отворено да разговара со пратениците за да ги објасни активностите што се преземени, да се обезбеди исчекор на европскиот пат.