Нови воздушни напади врз Газа по парадата на националистите во Ерусалим
Масовната парада на која се скандираше „смрт на Арапите“ предизвика револт кај Палестинците. Шефот на израелската дипломатија Јаир лапид ги осуди расистичките пароли.

Израел изврши воздушни напади врз Појасот Газа откако палестинските групи од енклавата испратија запалливим балони кон јужниот дел на Израел. Војската тврди дека целеле кон упориштата на Хамас бидејќи балоните од Палестинците предизвикале 20 пожари. Оваа размена на огнот е прва по 11-дневното бомбардирање на Појасот во мај и маршот на еврејските националисти во Источен Ерусалим.
Масовната парада на која се скандираше „смрт на Арапите“ предизвика револт кај Палестинците. Шефот на израелската дипломатија Јаир лапид ги осуди расистичките пароли.
Со таканаречениот „Марш на знамињата“ се одбележува годишнината од окупацијата на источниот дел од Ерусалим од страна на израелските сили во 1967 година. на годинашниот беа уапсени 17 Палесстинци, а 33 се повредени.
